Skip to content

Талкачи што носат светлина во мракот – Лина Димоска

Има луѓе сонца
има жени, полни месечини.
Види нѐ нас,
такви сме.
Ти силно сонце,
а јас срамежлива месечина,
што наѕира во мракот.

Ништо немаме
освен стихови и рими,
топли прегратки
и искрени насмевки.

Немам што да ти дадам,
освен некој стих,
украден од вечноста
и тивка воздишка,
далеку, во мракот.

Немаш што да ми дадеш,
освен цврста прегратка
и топло засолниште
кога немам каде да се сокријам.

Талкачи сме јас и ти,
залутани души во погрешно време,
на место кај што немаат дом,
крај ликови што не припаѓаат.

Талкачи сме, јас и ти
што носат светлина во туѓиот мрак.
На крајот само искра ќе останеме.
Искра што никогаш не пламнала.

Напишете коментар