Денес ги споделуваме стиховите од песната „Барање“ на македонскиот поет и писател, Петре М. Андреевски. Песната е дел од збирката „Дални наковални“ издадена во далечната 1971 – ва година. Песната се состои од три строфи исполнети со меланхолија и рима преку кои поетот го опишува она што го бара. Што поетот бара, а што на крај наоѓа, прочитајте подолу.
Одев, думав дури стигнав в димна шума,
сонлив крај несонот од сета вода стара,
наслушнав кое време навите ме умат
и пак не го најдов она што го барав.
Па се вратив в поле, ко додоле, долен,
следејќи го патот од секоја буба-мара,
открив колку сум за петлени зори болен
и пак не го најдов она што го барав.
Наѕрев в сѐ што зрее, олабавив сѐ што грее
и во ветрот што изветри зад мојот коњ скаран
чув: сѐ што било еднаш сега веќе не е.
Прочитајте и „Од записите на Марко Цепенков: Навите и леунките“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.