Skip to content

Надеж – Маја Малиновска

Како птица скитница прелетува секој ден пред мене

Се залетува некогаш како да доаѓа со невреме

Свети како мала светулка од ливади цветни

Но и како фенер од улици, калливи, бедни

Тоа е мојата надеж, којa  секојдневно ми дава сила,

Без неа живот би немала, не би ни била.

 

Како неодживеан сон, неодживеан живот

Секогаш ми го наросува и  налева здивот

Силата ми ја  дава кога газам по земјениот пат

Со неа  ми е лесен секој нов пад

Како феникс кој од пепел се раѓа

Надежда моја секогаш на време доаѓа.

 

Како замислен поглед, замислен нов свет

Секој ден ми дава моќ да направам нов завет

Со неа продолжувам  напред  да ја барам светлината

Се раѓам како ново Сонце од темнината.

Напишете коментар