Skip to content

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје распишува конкурс за поетска збирка

  • by

 ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје распишва конкурс за награда „Бели мугри“ за поетска збирка

Пропозиции:

– поетската збирка треба да содржи најмногу 1200-та стихови;

– да е напишана на мајчин јазик;

– Да не е досега објавувана;

Право на учество имаат сите автори на возраст до 35 години.

Ракописите треба да се испратат во три примерока под шифра (а во посебен запечатен плик да се достави: шифра, име и презиме и матичен број на авторот како и тел.бр за контакт), на адреса „Димитрие Чуповски“ – 20а, поштенски факс -173-1000 Скопје (со назнака „За конкурс“ за поетска збирка) или директно во самата институција, најдоцна до 30.11.2022г.

Стручното жири ќе ги откупи авторските права, а предвидено е и печатење на наградената поетска збирка и промоција на истата.

Напишете коментар