Избор поезија од Блаже Конески

Денес уживајте во поезијата на незаменливиот поет Блаже Конески. Изборот падна на четири негови кратки, но моќни песни од стихозирката „Везилка“.

Тајна

Откриј ми една твоја тајна

па макар колку мала и лесна,

јас ќе ја кријам во себе гробно –

дури не стане песна.

 

Кафез

Триесет години. И што е сторено?

Триесет скршени врчки.

Детето во мене е затворено

во еден кафез од брчки.

 

Жртва

О драги предмети, о мили луѓе,

си мислам напати – дај да се срушам!

Но вие велите:жртвувај ја младоста,

вие ми велите – и јас ве слушам.

 

Река

По река нагоре!Водата шиба!

Но колку силна е мојава снага,

мускулот како ме слуша!

Низ река надолу сега се спуштам:

колку е спокојна, колку е блага

и колку плавна е мојава душа!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели