Skip to content

Дамата со еднорог

Инспирирано од 6 таписерии „Дамата со еднорог“

Во градината на љубовта петте сетила добиваат чуден призвук

Мистичната љубов на еден еднорог

Сокриена во мирисот на каранфилите

Заглавена во крошните на невиноста

Добива допир на нежност, на сон, на Божја сомилост

На девствена чистота

Мистичната љубов на еден еднорог

распослана низ ливади цветни

Добива оргулски звук

На рајска хармоничност и полнoта на сите земски чувства

Кои се доближуваат до небесната шир

Возвишение на душата

Мистичната љубов на еден еднорог

Го трга погледот од горделивоста на лавот

Добива вкус на вистина која го носи во сферата на чистината

И не сака да проба од слатката лага на мајмунските шеги

Мистичната љубов на еден еднорог

Се здогледува во огледалото на една дама

Како да посакува да биде дел од земните задоволста

Но, добива вид повисок од земскиот, и од мирисот на цвеќињата

Станува чиста чистина, чиста убавина

Како дамата која шестото сетило го бара

Во срцето свое, далеку од искушението на земните задоволства.

Напишете коментар