Зората се облече во тага
Од далеку се слуша,
плачот на една виолина
Денес
На безброј чувства,
мисли и солзи
Животот им згасна
Скршени беа тие,
на илјадници фрагменти
На каменоломот на животот
А таму кога тој ќе згасне,
смртта доаѓа
Молитвата на муграта
не заживеа
За првпат згасна таа
Во срцето на срната
Полските бели кринови,
скришум заплакаа
Сребрени рози,
телото ѝ го покрија
Ѕуницата на небото зашепоти
Денес,
најубавата срна нè напушти