Книжевната награда „Караманов 2022“ ја освои Милчо Мисоски за ракописот „Ефемиди“

Книжевната награда „Караманов 2022“ ја освои Милчо Мисоски за ракописот „Ефемиди“. Советот на 49 Караманови поетски средби, издавачот на годинашните објави од продукцијата на Караманови средби –  ОНБ Браќа Миладиновци, како и организаторот на средбите –  Центарот за култура „Ацо Караманов„ Радовиш заедно со жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурс за 49 Караманови поетски средби во состав: проф. Д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател и Борче Панов и Славчо Атанасов – членови. Тие ја информира јавноста дека: Книжевната награда „Карманов 2022„ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори коишто пишуваат на македонски јазик, едногласно,  ја добива поетскиот ракопис под насловот „ЕФЕМИДИ„ од поетот  МИЛЧО МИСОСКИ.

Образложение од страна на Жири комисијата во состав:  проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател и Борче Панов и Славчо Атанасов – членови: „На годинашниот конкурс за наградата „Караманов 2022„ се јавиле 35 поети со свои необјавени поетски ракописи. Од селектираните три најдобри ракописи во најтесен избор: „ МОНОЛОГИЈА НА КРИСТАЛОТ“ од Љубинка Донева, „ДУШАТА НА ЗБОРОТ„ под шифра:  МЕЧТАТЕЛОТ ЗА ПОДОБРО УТРЕ, поетскиот ракопис „ЕФЕМИДИ“ од Милчо Мисоски се издели од останатите ракописи со својата оригиналност, гномичниот израз со раскошна метафорика и рефлексија на мислата.

Воедно оваа поезија се издели и со својот луциден ламент на метафизичкото во кое стихот е како што поетот самиот поентира: „она старо небо кое ги знаеше сите зборови на кои земјата сонува“. Со изграден и веќе препознатлив поетски јазик „Ефемиди“ на Мисоски нè уверуваат дека од строгоста на имагинацијата вистината ѝ простува на стварноста со што од читателот се бара да биде буден за сè она за што ни се случува за да не го осудуваме она што не го разбираме, односно да ја разбереме строгоста на вистината“.

Извор

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели