Фа-јен го прашал монахот Хсуан-Цу зошто тој никогаш не му поставува прашања за зенот на што монахот му одговорил: „Кога учев кај друг учител, делумно сфатив што е зенот.“
„И што си сфатил?“, прашал Фа-јен заинтересирано.
„Кога го прашав учителот кој е Буда, а мислев кој бил тој буквално, во вистинскиот живот, тој ми рече: Пинг-Тинг бара оган.“
„Убав одговор“, признал Фа-јен. „Се плашам дека ти можеби погрешно си го сфатил. Кажи, какво значење му имаш придадено на неговите зборови?“
„Еве вака“, почнал монахот да објаснува, „Пинг-Тинг е Бог на огнот. Според тоа, ако се каже дека Богот на огнот бара оган тоа е еднакво апсурдно како кога и јас, чија што вистинска природа е Буда, да прашам кој е Буда. Како може некој, кој е макар и несвесно Буда, да постави прашање за Буда?“
„Ха, ха, ха!“, се смеел Фа-јен. „Баш како што и мислев! Ти целосно си ја промашил поентата! Зошто мене не ме прашаш? “
„Во ред. Учителе, кој е Буда?“
„Пинг-Тинг бара оган“, одговорил Фа-јен.
Прочитајте и „Неверојатна, но вистинита приказна: Енцо Мајорка и Делфинот“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.