Skip to content

Нема Вода, Нема Месечина – Зен приказна

Чијоно слугуваше во еден Зен манастир и сакаше да научи зазен. Еден ден ѝ пријде на една постара калуѓерка и ѝ рече: „Јас сум од скромно потекло. Не знам да читам или пишувам и мора да работам постојано. Дали постои можност да го достигнам патот на Буда иако немам никакви вештини?

Калуѓерката ѝ одговори: „Ова е прекрасно, драга моја! Во Будизмот не постојат разлики меѓу луѓето. Има само ова: Секој човек мора цврсто да се држи до желбата да се разбуди и да негува големо сочувство во срцето. Луѓето се целосни какви што се. Ако не паднеш во заблуда, не постојат Буда и чувствителното суштество; има само една целосна природа. Ако сакаш да ја спознаеш твојата вистинска природа, треба да се свртиш  кон изворот на твоите заблуди. Ова се нарекува зазен“.

Чијоно, среќна рече: „Со оваа практика како мој придружник, треба само да се посветам на мојот секојдневен живот, вежбајќи дење и ноќе“.

По неколку месеци постојано вежбање, таа излезе во една ноќ со полна Месечина да извади малку вода од бунарот. Дното на нејзината стара кофа, споено со бамбусови ленти, наеднаш попушти, а одразот на Месечината исчезна со водата. Кога го виде ова, таа разбра, а потоа запиша неколку стиха:

Вака или онака,
се обидов да ја зачувам кофата,
а потоа дното испадна.
Онаму каде што водата не се собира, Месечината не живее.

Прочитајте и „Пинг-Тинг бара оган – Зен приказна“.

Напишете коментар