Skip to content

Песна на денот: „Лен“ од Радован Павловски

Никој не ти го виде цветот
нити нешто се дозна
за тебе во планините

За големо чудо
отклучија подземја
и тамо пронајдоа
ураниум птица
и цветови лен

Во дремка си позборувал
со мртвите и уморен
одиш да здивнеш

Едно орле го клука
копчето на просторите
и еве ти силен ветер
крај увото

Низ цедилка од лен
ти пиеш вода.

Напишете коментар