По повод 247-иот роденден на една од најдобрите англиски и светски романсиерки, Џејн Остин, денес на блогот објавуваме десет нејзини избрани квоти. Се надеваме дека ќе уживате во читањето.
1. „Половината од светот не може да ги разбере нештата во кој ужива другата половина.“
2. „Штом толку многу часови поминав убедувајќи се себеси дека сум во право, зарем не постои причина да се плашам дека можеби грешам?“
3. „Мојата идеја за добро друштво е друштво кое е составено од паметни, добро информирани луѓе, кои знаат да разговараат.“
4. „Личноста, без разлика дали е господин или госпоѓа, која не ужива во добар роман, мора да е неподносливо глупава.
5. „Ако книгата е добро напишана, секогаш имам чувство дека е премногу кратка.“
6. „Пријателството е најдобар мелем за болката од љубовното разочарување.“
7. „Ако работите се одвиваат неповолно еден месец, сигурно ќе се поправат наредниот.“
8. „Можеби нашите несовршености нѐ прават совршени едни за други.“
9. „Она што треба да се направи како што треба, не може да се направи премногу брзо.“
10. „Нема нешто што не би го направила за оние кои ми се вистински пријатели. Не знам да ги љубам луѓето половично, тоа не е во мојата природа.“
Прочитајте и „15 факти за животот на Џејн Остин, најпозната по романот Гордост и предрасуди“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.