Skip to content

Твоите очи

Твоите очи ја добиваат мојата боја

Но немаат право на обединување

Твојата коса се прекрила со мојата насмевка

Расте кон непознати еха кои се распрсуваат во просторот,

Твојата рака се обраснала со моите допири

Рацете се осудени на допир,

Твоите трепки треперат на мојот чекор

Нашите чекори се осудени да се пресретнат.

Твоите прсти се лизгаат по меридијаните на моето тело

Се сретнуваме во сите светови познати на страста

Заедно сонуваме во златен етер

И ѕвезди сонувалки паѓаат на нашите тела

Додека се сретнуваме под ова добронамерно сонце

Се прашувам која ли судба ќе донесеме во нашите раце?

Наша или туѓа, онаа која никому не припаѓа?

Напишете коментар