Skip to content

Ах, зошто го изградија мојот дом – Рабиндранат Тагоре

Ах, зошто го израдија мојот дом на улицата спроти плоштадот?
Тие пристигаат со своите натоварени чунови кај моите дрвја.
Доаѓаат и си одат како што милуваат.
Јас седам и гледам, а животот ми се измолкнува.
Да ги избркам не можам. И така ми поминуваат дните.
Дење-ноќе одекнуваат нивните чекори пред мојата порта.
Залудно викам: „Не ве познавам“.
Во некои од нив, познајници чувствуваат моите прсти, во други моите
ноздри; ми се чини дека крвта во жиливе мои ги познава,
а многумина, пак, им се познати на моите соништа.
Не можам да ги избркам. Ги повикувам и им зборувам: „Нека влезе
во мојов дом секој што милува. Да, влезете!“

В зори одекнуваат камбаните во храмот.
Со кошници во рацете тие доаѓаат.
Нозете им се румени како ружи. Раната светлина
на самракот почива врз нив нивните лица.
Да ги избркам не можам. Ги повикувам и им зборува:
„Влезете во градинава моја да берете цвеќиња. Дојдете!“

Напладне одекнува ѕвончето на дворната порта.
Не знам зошто тие ја оставаат својата работа
И застануваат покрај мојата ограда.
Цвеќето в коси им е бледо и свенато. Звуците во нивните
шупелки треперат.
Да ги избркам не можам. Ги повикувам и им зборувам:
„Во сенката на моите дрвја е свежо.
Дојдете пријатели!“
Ноќе во шумите свират штурци.
Кој е тој што полека доаѓа до мојата порта и тивко тропа?
Одвај го распознавам лицето, не се слуша глас,
тишината не небото покрива сè.
Да го избркам мојот нем гостин не можам.
Го гледам в лице низ мракот, и часови на мечтаење
се нижат пред очиве мои.

Напишете коментар