Со овој убав Шексипировски сонет ви ја доловуваме зимата, која е симбол на смрзнати чувства и лед, кои му даваат зимски изглед на песната и го искажуваат длабокото жалење на поетот за самотијата и недостигот на негов близок пријател. Уживајте!
Сонет 97 – Вилијам Шекспир
Ко зима предолга дните на отсутност ми беа мачни
Кога не те гледав овде во годинава што си оди!
Што студови претгрнав, што денови видов мрачни
Голоста на декември сивило насекаде ми роди!
А сепак времево на разделеност беше време летно,
Плодна есен до богат род трудна,
Бреме што се носи еднаш посеано блудно
Ко вдовица дете по мажовата смрт судна.
Сепак плодов изобилен ми се чинеше мене
Само надеж сирачка на безтатковски теми,
Зошто летото и чарето те чекаат тебе
А кога те нема и самите птици остануваат неми.
Или ако пеат тогаш тагата толку ги плиска
Па лисјате бледнеат, се тресат пред зимата блиска.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.