Во градината, во полето, во цвеќето скриена,
во магла обвиена,
во мугра облиена,
во сиот божји свет
со убост преполнет
беше насекаде ти, во секој миг.
Зефирите
в немири
над земјата името ти го вееја,
и шуштежот на брановите,
небаре издишки на твојот здив се лееја.
На сводот вечерта ѕвезди пали,
погледот во нив бара да гали
запишани со злато среде модрината,
а пак од брезите вити
и од соништата детски, скрити
јас ти ја цртав убавината.
Чунки самовила
сегде си присутна, скриена, мила
во сите мои мисли, желби – од кај ли таа тајна?
Со тебе моја душа преполна се е,
од неа љубовта без престан те лее,
како што славата на светците посевезден е сјајна….
Слушнете го и рециталот на песната во продолжение. Пријатно слушање!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.