Тимот на Крајбрежје се потруди да ја преведе една од најубавите љубовни песни од српската поезија „Santa Maria della Salute“.
Песната„Santa Maria della Salute“ се смета за лебедова песна на големиот српски поет Лаза Костиќ. Зашто, покрај тоа што е објавена само една година пред да се пресели во другиот свет, кај неговата Ленка, ова е и своевидно негово поетско збогување со животот и покајание за погрешните чекори кои ги направил во него.
Песната е често анализирана, но никој не успеал да ја долови вистински и да ја одгатне вистинската тема обработена во неа. Сепак, во оваа елегиска песна како теми се присутни:
– Страдањето, тагата и копнеж по починатата сакана, Ленка Дунѓерски;
– Молба до Богородица за опроштај;
– Восхит од убавината на црквата Santa Maria della Salute во Венеција.
Santa Maria della Salute е црква во Венеција, која Лаза Костиќ ја посетил и бил восхитен од нејзината убавина. За да дознате повеќе за темата на песната и зошто Лаза Костиќ ја напишал песната, видете во написот Тажната љубовна приказна на Лаза Костиќ и Јелена Дунѓерски – Ленка.
Santa Maria della Salute
Oпрости, мајко светa, oпрости,
тагувам што планините наши се лишени од бор,
но каде, одрекувајќи се од злоби прости
тебе блажена ти подиганавме двор
презри го, небесенице, извор на милости,
сé она што го згрешил овој земски створ
Покаен, ја бакнувам твојата скута,
Santa Maria della Salute.
Зар не е поубаво на убавина да си изгрев
Столб да се биде на твојот свод
А не да го грееш светскиот грев
Во пепел да спалиш и срце и луб
да гнилиш ко брод, во страствен грев,
како ѓаволската ела и вражјиот даб?
Зар не е подобро вечен спокој да барам во тебе
Santa Maria della Salute.
Извини мајко, многу страдав,
Се покајав за многу гревови јас;
сè за што сонуваше едно младо срце,
сé тоа јавето го уништи в час;
по сé што копнеев, на што сé надевав,
одамна е пепел и прав
како да збиднала некоја солена шега
Santa Maria della Salute.
Ме труеше подмолното, гнило,
ама па’ никој нема да клетам;
што и мака мене да ми било,
никого за тоа да не криви светот:
Зошто што му на душата кршело крило,
со сета сила му душело лет,
лудава глава тоа го носи, од умот без елан
што од умор ќе пукне
Santa Maria della Salute!
Тогаш мојата вила пред мене дојде
поубава овој ја не виде вид;
од црниот мрак ко прекрасен стих
песна на славеј в зори што црцори
со сиот свој сјај зората ја искрши,
раните мои внатре што беа ги излечи,
ама длабока болка, длабока рана остави,
сега како да ја носам оваа радост,
оваа мака во срцево штом чукне,
Santa Maria della Salute.
Ме допре в лице со тој поглед невиден.
Таков сјај, таква искра ѝ излезе од очите
што и низ замрзнат воздух би ги запалил ливадите,
би ги стопил врвовите снежни на планините,
би ги растопил снегот и мразот и глечерите.
Сѐ ми тоа нуди за што срце копнее,
јадеж, па сладеж, чемер, па мед
сета вечност за ова сѐ!
Santa Maria della Salute.
Зарем за мене јаден цела таа убавина?
Зарем за мене толку сета добрина?
Зарем за мене стар, на дното на животот,
тоа златно овошје што дури сега зрее?
Ох, слатко овошје од танталски род,
што не ми созреа претходно,
Прости за мојата грешна залутаност
Santa Maria della Salute.
Две сили во мене се издигнаа,
мозок и срце, памет и сласт,
долго време беа во страшна борба
како бесна олуја и стар даб;
најпосле се сретнаа силите мили
вијугавиот мозок ја задржа власта,
над разумот и страста на злиот ум
Santa Maria della Salute.
Ме држи цврсто умот, јас срцето го стиснувам
побегнав мудро од среќа, луд,
побегнав од незје – а таа знаеше.
Сонцето се затемнува, вечна студ,
ѕвездите ги гаснеше, рајот заплаше одеднаш,
се случи крајот на светот и страшниот суд –
О, светско рушење, о страшен суде
Santa Maria della Salute.
Со скршено срце, со разматен ум,
Нејзинот спомен е мој свет храм,
Кога од нигде никаде ќе се јави,
Како да се појавил Бог сам:
Болката во мојата душа мрзне
Низ неа гледам сé, дознавам сé
Зошто умот на мудриот знае да чезне
Santa Maria della Salute.
Ме допре в лице со тој поглед невиден.
Таков сјај, таква искра ѝ излезе од очите
што и низ замрзнат воздух би ги запалил ливадите,
би ги стопил врвовите снежни на планините,
би ги растопил снегот и мразот и глечерите.
Сѐ ми тоа нуди за што срце копнее,
јадеж, па сладеж, чемер, па мед
сета вечност за ова сѐ!
Santa Maria della Salute.
Во нас е сè ко маж и жена
само што не е грижа и работа,
сè се милина, но неженети,
страста ни се ближи во рајски студ;
таа сега постара е од мене,
таму ќе ѝ бидам многу млад,
каде молчат разликите на сите времиња,
Santa Maria della Salute.
А нашите деца се песни мои
на тие состаноци вечен белег,
тоа не се пишува, тоа не се пее,
само што на душата ѝ пробива зрак.
Тоа го разбираме само ние двајцата,
тоа во рајот е принова драга,
нему дури во занес пророците му насетуваат,
Santa Maria della Salute.
Препеано од српски на македонски јазик од:
Наталија Наумовска
Анастасија Лефкоска
Маја Малиновска
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.