Skip to content

Снежана, сказна за деца (Видео)

Снежана, бајка од Браќата Грим добропозната на сите генерации ја читав, снимав, го креирав видеото и најпосле го прикачив на јутјуб каналот Слушај поезија и други приказни.

Изданија на македонски јазик

Сказната „Снежана и седумте џуџиња“, самостојно или како дел од збирки со приказни, има доживена поголем број изданија на македонски јазик:

„Снежана“ – издание на здружените издавачи: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, Скопје, 1993. Книгата била задолжителна лектира за прво одделение во основните училишта во Македонија. Преводот го направил Здравко Ќорвезироски, а корицата и илустрациите во книгата биле дело на Димче Исаиловски. Книгата била отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во Скопје.
„Снежана“ во: Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.

Бајката е екранизирана на големото платно, многу филмови се режирани според нејзината приказна.

Слушнете го видеото во продолжение кое го подготвив за најмалите на каналот Слушај поезија и други приказни.

Слушнете ја и бајката за деца Пинокио.