Skip to content

Некогаш те слушам

Некогаш ги слушам твоите зборови толку гласно

Како ехо што ѕвечи

Како тешки капки дожд во спарнината на летната жега

Како мудрости на праотците

Наследени одамнина

Кога не постоел светот

Кога месечината сјаела појасно

Во темните ноќи

А воздухот има толку многу кислород

Што мирисал на свеж јасмин.

Некогаш те слушам како ѕвекот на чимбал

И твоите зборови танцуваат во ноќта

А јас спарувам во мармурните утра

Не се одѕивам на твојот танц

Се препирам и викам гласно НЕ

Иако никого не сум одбила за танц

А ти се уште танцуваш

Осамено и тажно како паун без својата женка

Накитено и лажно горделиво

Спарувајќи се со ништивилото.