Skip to content

Конкурс за литературна дејност објавен од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за промотивни настани од областа на литературата и тоа: промоција на нови книги (издадени во 2023 година), поетски читања, организирање трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и мултимедијални настани кои во својата основа ја имаат литературата.

Настаните ќе се организираат во текот на 2023 годиина, a сo цел развој и афирмација на литературата и поддршка на издавачката дејност во Република Македонија, како и промоција на читачката култура.

Право на учество имаат сите писатели, поети, издавачи, поединци, групи и здруженија. Заинтересираните во апликацијата треба да достават: концепт за проектот на една страница ворд (word) документ, куса биографија на учесниците и контакт информации.

Апликацијата се доставува на: [email protected]

Конкурсот трае до 24 февруари 2023 година.

Селекцијата на проектите ќе ја изврши комисија составена од членови ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.

Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.