Skip to content

Конкурс за музичка дејност од ЈУ Културно Информативен Центар од Скопје

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од современи музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2023 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје.

Апликацијата да се достави на e-mail-от [email protected], а конкурсот трае до 20 февруари 2023 година.