Skip to content

Јасмин – Маја Малиновска

Секоја година купувам јасмин за да ја помирисам радоста

Ме поврзува со истокот и младоста

Еднаш јасмин засекогаш јасмин во мојата душа

Зелен лист наточен со бела цветовина кој неа милно ја слуша.

 

Сум видела и ружи и ириси со опојна миризлива чар

Но поблагопријатен нема за мене од јасминот дар,

Од што ли е создаден та вдохнува ваков поетски жар

Ја црта убавината, ја краси градината на секој источен владар?

 

Афродитин e тој предзнак, на таа убава божица јасминот e траг

Славен  на персиски двор, на иранскиот шах е пријател драг

Над сите земни победи  неговата чистина остава мирис опоен

Та поетите ги буди од сон длабок и пишуваат за него стих  неброен.