Секоја година купувам јасмин за да ја помирисам радоста
Ме поврзува со истокот и младоста
Еднаш јасмин засекогаш јасмин во мојата душа
Зелен лист наточен со бела цветовина кој неа милно ја слуша.
Сум видела и ружи и ириси со опојна миризлива чар
Но поблагопријатен нема за мене од јасминот дар,
Од што ли е создаден та вдохнува ваков поетски жар
Ја црта убавината, ја краси градината на секој источен владар?
Афродитин e тој предзнак, на таа убава божица јасминот e траг
Славен на персиски двор, на иранскиот шах е пријател драг
Над сите земни победи неговата чистина остава мирис опоен
Та поетите ги буди од сон длабок и пишуваат за него стих неброен.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Maja-Mal..jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.