16. 12. 2011
Дишам на шкрги,
Не поднесувам воздух
Кој го диши
Самоволието.
Седнувам сама и
Го молам светот
Да го врати мигот
На создавањето на мојот сон.
Бескрајни се мислите
На овој свет
Иако реалноста е само
Една мисла.
Ги склопувам очите
Да помислам безброј
И ги отворам
Само кога помислувам
На мојата реалност.
Тоа си Ти.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.