Skip to content

Простување – Наталија Наумовска

Прости од срце
но не заборавај,
чувството на грешноста помни го
и од тебе излезено и до тебе стигнато.

Прости, но запомни
помаку греш(к)и за поголем мир
од грешките научи, за грешките молчи
за да станат заборав иако е тешко.

Прости, но не заборавај
тој што искрено се покајува
му се простува
ако не ги повторува грешките.