Skip to content

Простувањето е дар од боговите

Простувањето е дар од боговите

храбар e подвиг рамен на Христово распетие

внатрешен немир исклесан во бранови на немоќ

световна големина со свемирска моќ

чудотворен сон отспиен во несонa ноќ,

простуваш, простувам, себепростувам, себепростуваш

над-простуваш, туѓо-простуваш, повредо-простуваш,

не примаш навреда во срцето ни во душата

ја пречекоруваш линијата на отпорот

се збогуваш со злокобата

човек – бог стануваш кога простуваш !

Простувајте и нека ви е простено,

Зошто простувањето е најголема  од човечките  сили

Која планина поместува и без неа луѓе не би ни биле.