Skip to content

Ана Ахматова – Песната на последната средба

Ми стинеа градите во мака,

ама стапката ми беше лесна.

Ја навлеков на левата рака

ракавицата од мојата рака десна.

 

Се чинеше многу скали има денот,

а јас знаев се сал три!

Eсенскиот шум во кленот

Mе замоли „Умри со мене и ти!

 

Ме прелажа и умори

Cудбината неверна во небичас“.

„Мене исто така!“ – одговорив:

„Мил мој, со тебе ќе умрам и јас…“

 

Да, тоа е песната за крајот,

Гледав в домот темен в ноќна доба.

Само на свеќите се лееше сјајот

Жолт и рамнодушен во спалната соба.