Пронајдените слики, нивната молчаливост
утеха за необоените зборови.
бесмислието
ги измива нескротените листови
заборавени од љубовта.
неколку кругови
се претркуваат со тагата
непозната за спомените на сегашноста.
Денови
осветлени од необичноста
недоволни за рајските градини
без одговор ја дочекуваа пролетта.
прекрстени лажички во стаклена чинија
ја предвидуваа благоста
со која се испиваа капките
изронети од неукоста на светлината.
Случајноста
нејзините намери
ме обврзуваа
да се повторам.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.