Кога времето минува,
само ни дозволува да ја вкусиме неговата загатка,
да ја измериме неговата брзина и степен на неприметливост.
Додека поминува покрај нас,
невидливо како некое пролетно ветре,
сè се сменило околу тебе и ништо не е како порано…
Се губиш во изминатите денови,
прашувајќи се дали тие можат толку едноставно да “летнат” како немирна птица…
Taка божем побрзо минуваат,
но длабоко во себе знаеш дека не минува тоа што сакаш најмногу да помине.
Тоа што те буди со насмевка наутро,
а те заспива со солзи навечер.
Тоа што живее во тебе, а немаш сили да го убиеш.
Тоа што сè уште живее некаде измеѓу нашиот временски интервал.
Сè уште дише некаде помеѓу денес и утре.
Некаде помеѓу нашиот заборав и нашите сеќавања.
Не сме ни ние далеку, но далечни сме…
Можевме, но не успеавме.
Едноставно тоа сме ние,
исти сме но сепак различни.
Можеби и вистински бевме,
но во погрешно време.
И што ми преостанува мене денес,
во ова бурно невреме,
освен да ги мразам светот
и универзумот без тебе,
да ги мразам светот и универзумот
поради тоа што те немам,
а како воздух проклето ми требаш.
Љубителка на пишаниот збор,сонувач,верен пријател на кафето и книгите.