Skip to content

Живот жив како желба

Ме погледна напорки небаре доби лоша примедба

А јас толку страдав и цела бескрајна ноќ плачев

Нека ме згаснат светилките си реков, нека ме огрее темно сонце!

Двајца вљубени беа седнати на блиската клупа огреани од светла месечина

Нашиот живот е сегашнина си реков, и сеедно ми е дали ти ме сакаш

Жив е како желба, свиреп како смрт, но останува само љубовта да биде наше спасение

И дознав, да тогаш дознав дека важно е да ме сакаш

И ти ете одма се пробуди со друг поглед , ми се насмесна со светло сонце

Животот стана црвен како љубов, среќен како слобода.