Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје распишува КОНКУРС за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2023 година.
Пропозиции:
1. Наградата „Антево перо“ за 2023 година се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).
2. На Конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.
3. Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.
4. Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат литературен творец во рамките на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.
5. Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена Комисија, во состав: Весна Мојсова- Чепишевска (универзитетски професор, писател и книжевен критичар), д-р Атина Цветаноска, (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член, има право на вето на одлуката на Комисијата, доколку смета дека делото кое Комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски, или го навредува јавниот и естетскиот вкус.
6. Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 31 јули 2023 година.
7. Кандидатите можат ракописот да го достават под свое име и презиме, или под шифра.
Во вториов случај, авторството го докажуваат со копија од ракописот, по објавувањето на резултатите.
8. Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок, затоа што Комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.
9. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот август 2023 година.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.