“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не ни кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти.
Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг, а денес се само двајца туѓинци. Помина многу време, а како вчера да беше. Сè уште се сеќавам на моите први љубовни солзи кои многу ѝ тежеа на мојата душа кога ме напушти. Тогаш го осетив вкусот на болката што ја предизвикува првата љубов.
Дури и небото пушти неколку солзи таа ноќ за љубовта што згасна, а некогаш толку силно гореше. Tолку многу ме сакаше и не дозволуваше никогаш да бидам повредена. Премногу убав спомен остави во моето срце кој засекогаш ќе живее таму. Не, нема повеќе никого да сакам како што те сакав тебе.
Нешто недостига кај мене. Недостига искрата во очите што гореше кога ти беше покрај мене и огнот во срцето што гореше секој ден сè повеќе и повеќе. Само еднаш во животот се љуби вистински, зар не”?
Љубителка на пишаниот збор,сонувач,верен пријател на кафето и книгите.