на тишината
и поклонувам неколку зборови
бело море
ронки осаменост
и заборав кој не може да ги плати чувствата.
убавината ја сокривам во сонцето
кое чека да биде откриено.
додека
небото не се доврши.
во квечерината, во прозирноста
ги допирам боите
неодлучноста се разлева во стаклените зрна
кои не знаејќи ништо за минливоста на зборовите
отскокнуваа, застануваа,
се завртуваа
премерувајќи ја љубовта.
ме обзема
чудна празнина
додека
небото не се доврши.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.