Тагата се опишува како емоционална болка која може да биде почувствувана кога се губи саканиот/саканата, при социјално одбивање или неисполнување на некоја цел итн. Да се биде тажен е нормално. Понекогаш секој од нас може да има тажен ден и да се чувствува тажно во одреден период од животот. Тагата е здрава емоција. Можеби чувството не е удобно, но може да помогне во барање на социјалната поддршка којашто е потребна, во давање некаков знак и овозможување процес на животни промени.
Кога сме тажни, можеби:
плачеме почесто;
го губиме интересот во активностите во кои претходно сме уживале;
пиеме алкохол повеќе од претходно;
имаме проблем со спиењето или спиеме повеќе;
Важно е да се запомни дека депресијата е поразлична од тагата. Иако понекогаш некој ќе ги употреби зборовите „тага“ и „депресија“ наизменично и ќе каже „Многу сум депресивен денеска“, овие доживувања се дистинктивно различни. Депресијата или депресивното нарушување е ментална состојба која негативно влијае врз дневното функционирање, има влијание врз телото дури и прави промени во мозокот. Иако чувствата на тага може да се поврзани со депресија, разликата помеѓу депресија и тага не е само во интензитетот или степенот туку и колку негативно влијае врз нечиј живот.
Чекори за надминување на тага
Ако се чувствувате тажни подолго од вообичаено или со поголем интензитет тогаш можеби треба да ги пробате следниве чекори.
1. Бидете свесни
Нежно запрашајте се себеси поради што сте тажни. Може да биде поврзано со работа, пријател дури и со некое ваше неисполнето ветување. Тагата може да се јави и кога се чувствувате осамени, кога оплакувате нечија смрт или се чувствувате беспомошни, првиот чекор за да се чувствувате подобро е да идентификувате што ги предизвиквуа вашите чувства на прво место.
2. Бидете тажни
Можеби звучи контрапродуктивно, но дозволувањето на себеси да се чувствувате тажно давајќи си време и простор може да биде со екстремна придобивка. Потиснувањето или негирањето на емоциите може да доведе до физички стрес на телото и да предизвика проблеми со менталното здравје. Плачете ако се чувствувате така или дадете си неколку часа за да ги наполните батериите. Студиите го покажуваат она што филозофите што го кажувале со декади: Солзите се катарзични, дејствуваат како прочистувачки механизам кој помага во ослободување на стресот и емоционалната болка. (Newhouse, 2021).
3. Бидете сочувствителни
Валидизирајќи ја вашата тага е од голема помош при поминување низ неа. Бидете љубопотни и сочувствителни за тоа што ве прави тажни. Откријте каков вид утеха ви треба. На пример, можеби ќе сакате да зборувате со пријател или да ја поминете вечерта сами и да си дозволите да бидете себе-сочувствителни. (Hendel, 2020).
4. Вежбајте фокусираност
Внимателноста или фокусираност е да се биде присутен во сегашниот момент без осуда бидејќи недостатокот на судење ви дозволува да ја почувствувате и побрзо да ја надминете тагата.
5. Поврзете се
Осаменоста и тагата одат рака под рака. Токму затоа пријателите и семејството позитивно влијаат на вашето расположение и го зацврстуваат вашто социјално поврзување.
6. Подобрете го спиењето
Спиењето и расположението се силно поврзани. Студиите јасно покажуваат значајна разлика помеѓу спиењето и депресивните симптоми symptoms (Nutt, Wilson & Paterson, 2008). Препораката е дека подолгото спиење може да ви помогне во намалување на тагата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.