Skip to content

Секогаш ваш, а никогаш свој – Игор Џамбазов

Игор Џамбазов, актер кој пее за актерите. Еден од ретките како што и самиот вели во неговата збирка „Диши длабоко“, првиот актер кој пред актерите пее сонгови за актерите. И добива чиста десетка. Нема што да се каже освен да се ужива во неговата поезија.

Секогаш ваш, а никогаш свој

Оваа професија најубава на светот

за ништо не ја менувам.

Некогаш сум скитник, утре тип од џет-сетот

и заедно со нив разденувам.

 

Секоја вечер на сцената сум качен

и нема кој да ми каже стој.

Морам да се смеам и тогаш кога ми се плаче

и секогаш ваш, а никогаш свој.

 

И ви пееме,

и ве смееме,

за до први да преживееме…

 

И не ме прашај колку имам плата,

седни малку да се дружиме.

Една гитара, песна, ракија, салата,

и така во кругот кружиме.

 

И ви пееме,

и ве смееме,

за до први да преживееме…