Skip to content

Лисицата и грозјето – Лафонтен

Кума Лиса стигнувајќи до едно село,

мртва гладна виде една лоза

натежната со грозје зрело

и веднаш фати стрвна поза.

Богатата гозба и се нудеше сама.

Но, бидејќи не можеше да ја достаса:

Уште е кисело, си рече, итрата дама,

ќе дојдам кога ќе довстаса.