Skip to content

Нашинска – Гане Тодоровски

Денес, на неговиот роденден, читаме поезија од македонскиот поетски великан Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010).  Една од неговите најпознати песни во која толку добро го опишува нашето секојдневие.

Нашинска

Да ние е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –

Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот –

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат

Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!