Skip to content

Поетесата и нејзината вода – Гордана Каракашевска

Споделуваме песна од најновата стихозбирка на македонската поетеса Гордана Каракашовска „Патот на водата“ .

Водата е опсесивен симбол во поетиката на стихозбирката и низ самата стихозбирка се чувствува преовладувањето на моќта на водата на која ѝ се потчинети сите други закони на природата. Во неа поетесата го преиспитува својот поетски нагон  и со својот длабок реторички глас укажува на моќта на водата како онаа во старите митови кога потопот не го означува само раздорот, туку и повторното создавање зошто водата е олицетворение на кружниот тек на природата.

Поетесата и нејзината вода

 

Требаше да си одиш, рече.

Требаше да си одиш, сега е доцна.

А јас пак мислам: Пролет е …

Секоја пролет мириса на љубов.

 

Со длабок,

моќен

и застрашувачки глас рече:

Оди далеку

Напиши ги сите твои книги

Испеј ги сите твои песни

Раскажи ги сите приказни.

Поетесо, оди далеку

чекори сѐ до пукнатината.

Пукнатината пропушта светлина,

а светлината е живот

како што е водата,

како што сум јас.