„Синиот фустан со црвени и бели точки“ од современиот српски поет, есеист, раскажувач и книжевен преведувач Владимир Д. Јанковиќ е објавена на каналот „Слушај поезија и други приказни“. Преводот од српски на македонски е од Татјана Маженковска. Песната може да ја прочитате подолу, а и да ја чуете на видеото. Пријатно слушање!
Синиот фустан со црвени и бели точки
И полноќта беше итна,
И ноќта тешка,
Во зори немоќта стигна;
И тогаш, бес и тогаш тага
Знамето свое го дигна.
И почувствував тогаш како во мене
Татко на синот се внесе.
И отидов да видам,
Те претчувствував,
Зад аголот чекорите твои да не се.
И сонцето печеше но не страшно,
Дојдоа твојот татко и брат.
Но јас реков: ќе дојде таа!
Сепак, беше врело…
Дали поради жештината или што синот
Го викнав сакан, блуден,
Свештеникот го прекина Божјото слово:
Блед си, седи додека пеам опело.
Му реков: Не! Можам да стојам,
Благодарам, оче, за твоите грижи;
И помислив: ти, бунтовна,
Во превоз некој,
И работи на патот,
Сè бавно се движи.
И отстојав, не се посрамоти
Војничката лика;
Да останам на нозе помогна
Тогаш со здив твојата слика.
И после со другарот седнав во кола.
И разговор се поведе мек; крај.
Во кафеанче стигнавме, она бело;
Другарот рече: местово личи на рај.
Но мене главата ми повлече лево,
Кон тоалетот, прелета сенка;
Фустан син, црвени точки, бели,
Балетанки од некои
минати века –
Тука е изгледа, еве, подобро ми е,
Исплакна душа
Чекана река,
Постои жена
На која сум ѝ сè.
И прашав: дали стварно е таа,
Рече некој: да, прво тука дојде,
Или превозот распаднат се одолжи,
Или, можеби, покасно појде.
Во тоалетот влегов,
Дете што мајка чека;
Пред вратата застанав,
Збунет и скромен,
Од нафора сличен на плочка.
Синото сонце со црвена точка
Што го покри нејзиното телце
Во главата ми сјае
Додека таа мочка.
После малку се кажа
Или думите почнаа да се множат.
Го искористив непогледот
Да ѝ кажам
Сè што зборовите можат.
А реков: Тргни ја таа ташна, како ти стои,
Би можело нешто лошо да ја снајде.
Таа се насмевна, како страв да постои,
Рече: уф, и не би имало некое фајде.
Како не би, ѝ вратив спремно,
Крадењето чудесна има моќ!
Кога би ја украл, тогаш ти, жено,
По ташната, секако, би дошла и среде ноќ.
И гласот нејзин, полусвртување сонив,
Додека се смееше, убава и здрава;
Средниот прст на средина на ‘рбетот го ставив,
Реков: видете како седи права!
И отидоа точките и ткаенината сина,
Црвени, бели дупки средe неба.
И само нешто ѝ шепнав на крајот:
Дека ми е важна и дека ми треба.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.