Skip to content

16 цитати од Метју Пери за зависностите, животот, шегата и тешкотиите

Метју Пери, актерот  кој го препознаваме по улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“ беше пронајден мртов во своето купатило. Метју Пери (Август, 19 1969 – Октомври, 2023) долги години се бореше со зависност од алкохолизам, дрога и лекови. Склоноста кон зависности како што ќе признае сам му донесла многу проблеми, меѓу кои и на снимањето на сетовите на најпопуларната серија во деведесеттите.

Минатата година Метју ги објави своите мемоари насловени „Пријатели, љубовници и големото ужасно нешто“ (2022) во кои пишуваше за зависностите во надеж дека ќе им помогне на оние што ќе ги прочитаат, а се борат со некоја зависност. Во продолжение споделуваме негови најпознати цитати кои го прават вечно жив меѓу луѓето.

1. „Требаше да бидам толку познат што целата моја болка што ја носев со мене ќе се стопи како мраз на сончева светлина.“

2. „Ако ги обвинувате родителите за лошите работи исто така треба да им ги признаете и добрите работи“.

3. „Знаете што им вели Свети Петар на сите што се обидуваат да влезат во рајот? Петар вели: „Немаш ниедна лузна?“ и кога повеќето одговараат гордо: „Не, немам ниедна лузна“, Петар вели: „Зошто не? Немаше ништо вредно за коешто можеше да се бориш?““

4. „Јас не сум најголем фан на спротивставување. Поставувам многу прашања, но не гласно.“

5. „Кога сум во кујна секогаш на ум ми доаѓа Бог. Се појави до мене во кујната и секако ми го спаси животот. Бог сега е тука за мене, секогаш кога го чистам каналот за да ја почувствувам неговата чудесност. Тешко е да се поверува со оглед на сè, тој ни се појавува нас на обичните смртници, но тој се појавува и тука е поентата: љубовта секогаш победува.“

6. „Мојот дедо, одличниот Алтон Л. Пери, порасна со татко кој беше алкохоличар и како резултат на тоа никогаш не допре алкохол во неговиот живот цели деведест и шест прекрасни години. Јас не сум мојот дедо.“

7. „Мојот мозок ќе ме убие, и јас знам. Јас сум постојано исполнет со демнечка осаменост, држејќи се до поимот дека нешто од надворешноста ќе ме поправи. Но имав сè што надворешноста можеше да понуди.“

8. „Пронајди пријател со кој заедно ќе се откажете од нешто – ќе бидеш вчудоневиден што прави тоа за пријателството.“

9. „Зависноста, големото ужасно нешто, е премногу моќна за некој да ја победи сам. Но зеадно истовремено можеме да ја победиме.“

10. „Ми треба жена која има чудна смисла за хумор. Имам еден куп шеги што ги користам, а ако не ги сфати, веројатно не е за мене.“

11. „Пишувањето за мене е помнење на нешто забавно коешто се случило или можеби нешто што сум го рекол пред седум години“.

12. „Јас секогаш бев детето кое на училиште запаѓаше во неволји, со сигурност поради шегувањето наоколу.“

13. „Порано бев вистински шармантен принц кога одев на состанок со девојка. Но, тогаш стигнував до моментот каде што веројатно ќе доживеам мозочен удар од стресот кога треба да го направам следниот чекор. Оттогаш научив дека клучот за добар состанок е да ѝ се обрне внимание на девојката.“

14. „Мојата куќа има убав поглед, знаете бидејќи бев во „Пријатели““.

15. „Моите омилени шест зборови во рехабилитација беа: „верувај во Бог, чисти ја куќата и помагај им на другите““.

16. „Постојат два патишта по кои се оди кога ќе достигнеш раскрсница во животот: Постои лош начин кога на некој начин се откажуваш и постои навистина тежок начин кога се бориш. Појдов по потешкиот начин и излегов добро. Сега седам овде и сум одлично.“

Прочитајте и цитати од Милан Кундера.

Напишете коментар