Skip to content

Цитати од Милан Кундера: „Ах, не, ниедна љубов не може да преживее во тишина“

На почетокот од своето творештво, Милан Кундера бил познат како поет при што објавил неколку збирки поезија, но подоцна изјавил дека „своите стихови ги сметам за младешки скитања“. Во 1960 година ја објавил студијата „Уметноста на романот“, посветена на чешкиот писател Владислав Ванчура за која подоцна напишал дека „не беше толку лоша книга, но навистина не знам зошто денес некој би ја читал“.

Објавил и неколку драми, како: „Сопствениците на клучевите“, „Зафрканција“ и „Жак Фаталистот и неговиот господар во чест на Дени Дидро“. Според сопственото признание, драмите ги напишал „веројатно само за да се убедам самиот себе дека никогаш нема да станам драмски писател“ и дека само „за последната драма можам да кажам дека без никакви огради ја сакам“.

Најпознат е како прозен автор при што со своите романи стекнал светска слава. Прочитајте ги неговите цитати во продолжение.

„Таму каде што говори срцето не е пристојно разумот да ги става своите забелешки“.

„Оној кој не мисли на своето тело ќе стане негова жртва“.

„Ах, не, ниедна љубов не може да преживее во тишина“.

„Борбата на човекот против власта е борба на помнењето против заборавот“.

„Двајца заљубени, изолирани од остатокот од светот, тоа е преубаво“.

„Љубовта е копнеж за нашата сопстевна изгубена половина“.

„Луѓето од својата тага најчесто бегаат во иднината. Замислуваат на стазата на времето црта позади која сегашните маки повеќе нема да се присутни“.

„Не можете да го мерите взаемното внимание на двајца луѓе по бројот на зборови кои ги разменуваат“.

„Се чувствував како душата да ми се вовлекува во сè, како да почнува да се повлекува пред сите тие, и истовремено во ужас востановив дека од тоа опкружување нема каде да се повлече“.

„Пријателството за мене беше доказ дека постои нешто посилно од идеологија, вера, нација“.

„Реките течат со векови, а човечките судбини се одигруваат на бреговите. Се одигруваат за утре да бидат заборавени, а реките ќе течат понатаму“.

„Сонот е доказ дека фантазијта, фантазирањето за она што не се случило, спаѓа во најосновните потреби на човекот.“

„Тажна е бидејќи мажите не се вртат по неа? Сакаше да ѝ рече: А јас? А јас? Јас кој те барам на километарска плажа, јас кој го извикувам твоето име плачејќи и кој би бил во состојба да трчам по цела планета?

„Да се води љубов со жена и да се спие со жена се две одвоени чувства. Она првото е страст, а второто е љубов.“

„За доброто на овој свет не е потребно ангелите да стекнат превласт над ѓаволите (како што мислев додека бев дете) туку моќта на двете страни да биде приближно изедначена“.

„Постои некаков надворешен изглед на жените, кој таканаречен вкус на малиот град погрешно го толкува како убавина. А потоа, постои вистинска еротска убавина на жените. Секако, не е мала работа да се препознае таква убавина на прв поглед. Тоа е уметност“.