Skip to content

Почина чешкиот писател Милан Кундера на 94 години

Почина чешкиот писател Милан Кундера од 1975 година на негови 94 години, како што известија чешките медиуми. Кундера од 1975 кога емигрирал од Чешка се преселил во Франција. Негови најпознати дела се романите „Неподнослива леснотија на постоењето“ и „Шала“.

Роден е на 1 април 1929 година во Брно, Чехословачка. Татко му бил музиколог и пијанист. Милан од татко му научил да свири пијано и се запишал на студии по музикологија и композиција. Музиколошкото влијание и референции се бројни во неговиот книжевен опус.

Во Прага студирал книжевност и естетика, но после два семестри се префрлил на филмска академија во Прага каде што ги слушал предавањата од режија и сценаристика. После дипломирањето во 1952 година почнал да предава светска книжевност.

Комунистичката власт му го одзела државјанството

Кундера ѝ припаѓал на генерацијата млади чеси на кои значително влијаеле искуствата од Втората светска војна и германската окупација. Кога бил млад во 1948 година се придружил на владеачката Чехословачка комунистичка партија.

Во 1950 година тој и уште еден чешки писател Јан Трефулка биле исклучени од партијата поради „антипартиски дејствувања“. Двајцата книжевно го обработиле тој инцидент. Кундера бил инспириран за главната тема на романот „Шала“ (1967). Повторно бил примен во Комунистичката партија во 1956 година, за најпосле да биде исклучен повторно во 1970 година.

Во 1975 година ја напушта Чешка и се преселува во Франција. Комунистичката власт му го одзела државјанството во 1979 година и ги забранила неговите книги. Ова се случило откако во Франција била објавена неговата „Книга за смеата и заборавот“. Во таа книга Кундера тогашниот чехословачки претседател Густав Хусака го нарекува „претседател на заборавот“. Оттогаш никогаш не се вратил во домовината дури ни после падот на железната завеса.

Во 1953 година почнал со објавување на книги, Пишувал и на чешки и на француски јазик. Последните романи ги напишал на француски. Покрај Бохумил Храбал во странство бил најпопуларен современ чешки писател. По неговото дело „Неподнослива леснотија на постоењето“ снимен е и филм со Џулиет Бинош и Даниел Деј Левис во главни улоги.

Ретко давал интервјуа бидејќи верувал дека писателите треба да зборуваат преку нивните дела и живеел надвор од очите на јавноста.