Skip to content

Самотничка

Станувам со празна чаша во грлото

и си ги повторувам истите зборови

дека времето ништо не ни подарува,

сами си подаруваме спомени

од љубов, од тага, од болка,

од судбини непреболени.

Станувам со синило во мојата коса

и си ги налевам истите нежности

цвеќиња растам во душава

полеани со небесни мирни небрежности

ги задржувам моите сеќавања таму врежани

од моите болести љубовни прележани.

Станувам со самотност како жар врела,

самотник сум со втренчена стрела

која од мото срце тече.

не давам да ме рани ,

оставам во реките на заборавот

самотноста сама да се влече.

Да, уживам во неа,

моја другарка таа е верна,

самотноста е моја љубов неизмерна.

Напишете коментар