Skip to content

Дали си можеби будна – Владимир Д. Јанковиќ

Дали си можеби будна
Или ништо
Спиј
Сакав да ти кажам
За тебе ноќва
Во сликари прејдов
Во цртачи
Твојата глава
И јас ја гледам
И повлекувам линии
Во гради и стомак
И сè појако
Чувствувам: не ни е лошо
Во овој
Духовен
Брак

Дали си можеби будна
Или ништо
Спиј
Со каква мисла тонеш
И каква мисла
Те буди
Би сакал да знаеш
Дека некој те љуби
И дека те почитуваат
Многу други

Дали си можеби будна
Или веќе сонот те води
А и не е важно
Немам дарба за
Линии
Цртањето
Слабо ми оди

Туку сакав да ти кажам
Да ти шепнам додека
Болната душа ти спие
И ја вознемирува
Бодликаво ќебе
Дека секогаш ти пишувам
Ништо не заборавам
И постојано
Мислам на тебе.

Српска современа поезија
Препеа на македонски: Татјана Маженковска

Напишете коментар