Skip to content

Ружи на мајчин преграб – Маја Малиновска

Црно-зелен покрив од ружи со туѓи насмевки

Прикриени на небото

Сокриени од погибелот на смртта

Дишат задоени со миризлива храна

Го прекоруваат светот

Не го оставајте моето доенче

Го закрепнуваме со ѕвезди

Вие,

Опколете го со тревести лилјани

Не смее да избега

Од мајчин преграб

Залијте го со смарагд

Пород да има зеленоок

Умот да му царува со Природата

Полејте го со вода

Бурите да ги преброди

Да ги навјаса морињата

Лесно да ги сонува соништата

Факајќи месечев срп

Ние,

Ќе го закрепнуваме да не падне

Додека ги отклучува

Тајните на животот.

Напишете коментар