Skip to content

До еден работник- Кочо Рацин

Да бидеш човек, да имаш топла крв,

да мислиш со глава и работиш со рака

и па да бидеш нешто мртво.

През цел свој живот и ден и ноќ

да се трудиш и мачиш

и па да бидеш гладен и страден.

Работник – патник:

да немаш ништо, да страдаш за сичко,

ти и твоите браќа да праите се!

Палати да праиш,

да живееш у изба –

од лулка до гроб

да бидеш роб.

Од вашата мака

да живеат друзи !

О братко! Плукни нa таков живот!

Со браќата твои, со маката ваша

сронете го овој свет

и нов направете –

братски!

Напишете коментар