Прочитајте каков став има поетот Бале Ендемион на темата: „Дали на вистинската уметност и треба промоција или сама го наоѓа својот пат?“ Тој ќе рече: „Бидејќи една година го добивам истово прашање решив кратко да изнесам свој став околу промоција на едно дело“. Прочитајте го неговото гледиште во продолжение.
ЗОШТО ПРОТИВ ПРОМОЦИЈА НА УМЕТНИЧКО ДЕЛО?
Читатателот да се соочи со писанието Сам, без притоа промоторот или недај боже авторот да му даде одредени насоки и да му ја открие делумно содржината која не е таква. Читателот имајќи го пред себе делото има апсолутна слобода да едри низ стиховите и сè останува на неговиот начин на перцепција и рецепција како восприема и долувува самиот читател. Без насоки од друг, препуштен само на своето размислување читателот искрено ќе препознае и ќе долови некоја суштина која и тоа како нема допирна точка со авторот.
Меѓутоа, читателот ќе изгради свој поетски свет, и така ќе се изградат нови светови кои ќе му пркосат на авторот. Со откривањето на едно уметничко дело, дали од страна на авторот (што е погубно) или од страна на промоторот, се уништува целата уметничка нишка на делото и веќе не претставува никаква уметност, можеби само уметност на Мигот! Така многу автори самите си ги касапат уметничките дела уште иститите пред да се сретнат со читателот! НЕ ЗА ПРОМОЦИЈА НА УМЕТНИЧКО ДЕЛО! СЛОБОДА ЗА ВИСТИНСКАТА УМЕТНОСТ!
– Ендемион
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.