Во бигорски карпи Милостива се издига крај кули царски
Од три круга Самуил следи влез на војски цариградски
Тивериополски маченици во вистинска светлина верници водат
Струма слепило влече од војнички очи што Византијци ги бодат.
Водоча, траен сведок на водни очи пролеани со матна крв
Камен споменик на вечната борба за искачување на твојот врв
Терми извираат римски од Беласица тромеѓна и Радомир вишен
Златен сјај на твојата иловичка земја рудовит, племенит, стишен.
Чаршијата стара стари занаети чува, слеана во Ориентот тајно скриен
Артемида таму се престорила во Орта, со нефис писмо на натпис лиен
Слободата Гоце ја донел, живоборец за слобода и македонско слово
Над твоето небо сега свети сонце животворно, жолто, јужно, ново.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.