Да ти бакнам дланка
Со којашто нежно
Ти ме милуваше
Наддланката која
Трошките од лице
грижно ги тргаше
Ти бакнувам табан
Што страсно го држев
Додека те љубев
И во рисот во кој
Никогаш сит тебе
Со копнеж се губев
Ти бакнувам око
Што не гледа ништо
А мене ме гледа
Трн од твојта круна
Џвакам па непцата
Во крвта се цедат.
Српска современа поезија
Препев на македонски: Татјана Маженковска
Илустрација:
Никола Пијанманов „Венец од трње“, 2009
Масло на шпер 30 х 40 см
Колекција на Националната галерија на Р. С. Македонија
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.