Skip to content

Избор поезија од Костис Паламас

Костис Паламас (13 јануари 1859 – 27 февруари 1943 ) e грчки поет кој ги напишал зборовите на олимписката химна. Химната беше изведена за прв пат за време на Летните олимписки игри во 1896 година, вооедно и првите модерни Олимписки игри.

Тој е  централна фигура од грчката книжевна генерација од осумдесеттите години на минатиот век и еден од соосновачите на т.н. „Нова атинска школа“, заедно со Георгиос Дросинис, Никос Кампас и Јонис Полемис.

Паламас неформално се смета за национален поет на Грција и е тесно поврзан со борбата за ослободување на модерна Грција од пуристичкиот јазик, како и со политичкиот либерализам. Тој доминирал во литературниот живот повеќе од триесет години и имал големо влијание врз политичката и интелектуалната клима на своето време.

Ромен Ролан го сметал за најголемиот поет на Европа и двапати бил номиниран за Нобеловата награда за литература, но никогаш не ја добил.

Во продолжение, две негови песни од збирката „Кралот на кралот“ во препев на Паскал Гилевски.

Ужасна тајна

Ја криеме пред туѓи очи болката наша

и срцето ја чува како бисер свиден,

и покриваме во мракот на душата еден балсам

што може и од најмал зрак оштетен да биде.

 

И се случува да ‘рти во срцето наше

и ни го тресе умот и блеска со закана трајна

еден безимен скомраз, еден укруп страшен,

што и пред тебе го криеме, како ужасна тајна.

 

Музата на Лезбос

Огнен глас сум, на Музата на Лезбос глас

блескотев врз усни, на лирата звукот бев,

и врз скапоцен пергамент певот го внесов јас,

но дојде, монашки брате, да ме искорнеш со гнев.

 

И ме ништеше, ко грев, и во лагами бев прогнан,

под свети химни што аскетска набожност ги крои.

Но, глеј, сега од пепелта на аскетскиот оган

-бидејќи сум бесмртен – никнат пламењата мои.

Напишете коментар